Во Велес во последниве неколку години значитело е зголемен бројот на издадени дозволи за градба. Се градат индивидуални станбени куќи, но никнаа и стопански објекти. Најголем број куќи се изградени на локацијата во некогашните велешки бавчи, потоа во близина на Спомен Костурницата, Камено Брдо. Станбени згради никнуваат насекаде во градот. На местото на старите куќи во центарот на Велес никнаа десетина повеќекатници. Станови се изградени и на постојните станбени згради како надградба. Нема станбена зграда на која не се изградени нови станови. Од локалната управа велат дека и понатаму се зголемува интересот за одобренија за градба. Според податоците на Државниот завод за статистика, во август годинава, се издадени повеќе градежни дозволи во споредба со лани, кога беа издадени само три дозволи.
Во Велес во последниве неколку години значитело е зголемен бројот на издадени дозволи за градба. Се градат индивидуални станбени куќи, но никнаа и стопански објекти.
Најголем број куќи се изградени на локацијата во некогашните велешки бавчи, потоа во близина на Спомен Костурницата, Камено Брдо. Станбени згради никнуваат насекаде во градот. На местото на старите куќи во центарот на Велес никнаа десетина повеќекатници. Станови се изградени и на постојните станбени згради како надградба. Нема станбена зграда на која не се изградени нови станови. Од локалната управа велат дека и понатаму се зголемува интересот за одобренија за градба.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во август годинава, се издадени повеќе градежни дозволи во споредба со лани, кога беа издадени само три дозволи. Решенија за градби добиле физички лица. Петмина побарале дозвола да почнат градежни работи. Вкупната корисна површина што ја пријавиле сопствениците на објектите изнесува над 200 квадратни метри. И во јули годинава во Велес се издадени пет одобренија за градба. Три дозволи добиле физички лица, а две се за деловни субјекти.
Бројот на дозволи за изградба на индивидуални станови во Велес се очекува да продолжи и понатаму. Од општината најавија дека во најскоро време ќе бидат дадени дозволи за изградба на две станбени згради во горниот дел од касарната, како и неколку локации за изградба на индивидуални градби во населбата Тунел.